Достапни линкови

Демонстрантите се пред Собранието, контра демонстрантите си заминаа


Демонстрантите кои го пробија полицискиот кордон кај Рекорд кој беше поставен со цел да не се пресретнат со граѓаните кои учествуваат во контра протестите, мирно протестираат пред Собранието. Тие повторно фрлаат со јајца кон зградата на Собарнието и запалија слика со ликот на Иванов. Претходно пред заградата на Собранието на Република Македонија имаше контра протест против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболција на лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски, но учесниците се упатија на Контра-протестот пред штабот на опозициската СДСМ.

Граѓаните кои се противат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување политичари од власта и опозицијата кои се поврзани со прислушувањето и политичката криза го започнаа протестот пред СЈО каде ја повикаа полицијата да им се придружи на протестите . Демонстарнтите извикуваа "Нема правда нема мир". Тие од седиштето на Специјалното јавно обвинителство каде се собраа за да им искажат подршка на обвинителите, поминаа и пред зградата на Министерството за правда и дојдоа пред канцеларијата на Иванов на Рекорд, од каде извесно време беа спречени од полицијата да се упатат пред Собранието на Македонија.

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има распоредено големо полициско обезбедување и водени топови.

XS
SM
MD
LG