Достапни линкови

Демонстрантите го пробија полицискиот кордон


Демонстрантите го пробија полицискиот кордон кај Рекорд кој беше поставен со цел да не се пресретнат со граѓаните кои учествуваат во контра протестите пред Собранието. Демонстрантите се упатуваат кон Собранието и извикуваат "Оставка".Претходно тие фрлаа со јајца кон канцеларијата на претседателот Иванов, ги искршија прозорите од неговата канцеларија и запалија слика со неговиот лик . Тие бараат експертска влада и оставка на Иванов. Граѓаните кои се противат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување политичари од власта и опозицијата кои се поврзани со прислушувањето и политичката криза го започнаа протестот пред СЈО каде ја повикаа полицијата да им се придружи на протестите . Демонстарнтите извикуваа "Нема правда нема мир". Тие од седиштето на Специјалното јавно обвинителство каде се собраа за да им искажат подршка на обвинителите, поминаа и пред зградата на Министерството за правда и дојдоа пред канцеларијата на Иванов на Рекорд, од каде планираа потоа да се упатат пред Собранието на Македонија.

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има распоредено големо полициско обезбедување и водени топови.

Претходно пред заградата на Собранието на Република Македонија имаше контра протест против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболција на лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски.Контра-протестот се одржува пред штабот на опозициската СДСМ, а контра-демонстрантите дојдоа од кај населбите Кисела Вода и Центар, од каде излегоа со автобуси пристигнати од Штип, Охрид и други градови.

XS
SM
MD
LG