Достапни линкови

logo-print

Демонстрантите блокирани од полицијата кај Рекорд


Полициски кордон го блокира пристапот на демонстрантите во центарот на Скопје кај Рекорд, со цел да не се пресретнат со граѓаните кои учествуваат во контра протестите пред Собранието на Република Македонија . Демонстрантите фрлаа со јајца кон канцеларијата на претседателот Иванов, ги искршија прозорите од неговата канцеларија и запалија слика со неговиот лик. Тие бараат експертска влада и оставка на Иванов. Граѓаните кои се противат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување политичари од власта и опозицијата кои се поврзани со прислушувањето и политичката криза, го започнаа протестот пред СЈО каде ја повикаа полицијата да им се придружи на протестите . Демонстарнтите извикуваа "Нема правда нема мир". Тие од седиштето на Специјалното јавно обвинителство, каде се собраа за да им искажат подршка на обвинителите, поминаа и пред зградата на Министерството за правда и дојдоа пред канцеларијата на Иванов на Рекорд, од каде планираа потоа да се упатат пред Собранието на Р Македонија.

Пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ има распоредено големо полициско обезбедување и водени топови

Пред заградата на Собранието на Република Македонија има контра протест против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболција на лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски. Контра-протестот има и пред штабот на опозициската СДСМ, а контра-демонстрантите веќе почнаа да се собираат пред партиското седиште. Тие доаѓаат од кај населбите Кисела Вода и Центар, од каде се истовараат со автобуси пристигнати од Штип, Охрид и други градови.

XS
SM
MD
LG