Достапни линкови

Стејт департментот: Иванов да ја преиспита својата одлука


Американскиот Стејт департмент соопшти дека САД се длабоко загрижени од најавата на македонскиот претседател Иванов дека ќе ги помилува лицата кои се предмет на истрага во врска со скандалот со прислушувањето.

Во соопштениоето се вели дека доколку се имплементира, оваа одлука ќе ги штити корумпираните функционери и ќе ја негира правдата на граѓаните на Македонија.

„Исто така, уште повеќе ќе го поткопа владеењето на правото во Македонија, интегритетот на нејзините судски институции и кредибилитетот на нејзините лидери и нивната посветеност кон темелните вредности на НАТО и на Европската унија.“

Како пријател на Македонија, САД силно го повикуваат претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука и да му дозволи на Специјалното јавно обвинителство, воспоставено како дел од Договорот од Пржино, да ги истражи сериозните обвинувања за злоупотреби на Владата и да им дозволи на судовите да си ја вршат својата работа.

„Исто така, ја охрабруваме Владата и партиите да пропдолжат да работат на реформите кои ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот до веродостојни избори и евро – атланската интеграција.“

XS
SM
MD
LG