Достапни линкови

Руски воени авиони прелетувале во близина на американски разорувач


Официјален претставник на САД за одбрана изјави дека два руски воени авиони „агресивно“ прелетувале во близина на американски ракетни разорувачи во „симулиран напад“, во меѓународни води во близина на рускиот брег. Американскиот претставник рече дека руските авиони СУ – 24 не биле вооружени, но оти летале многу блиску до раорувачите на САД. Исто така беше соопштено дека руски хеликоптер КА – 27 летал седум кругови околу разорувачот на САД и дека го сликал разорувачот „Доналд Кук“. Сличен инцидент се случи во април 2014 година, кога разорувачот на сад беше распореден во меѓународните води на Црното Море.

XS
SM
MD
LG