Достапни линкови

НСДП: Со амнестијата се охрабрува изборен фалсификат


НСДП соопшти дека во чинот на претседателот Ѓорге Иванов за амнестија и аболиција гледа создавање правна можност, како што посочуваат, докажани криминалци „очистени" од секаков криминал да се најдат на кандидатските листи на предвремените парламентарни избори.

„Доколку со таков криминален багаж влезат во новото Собрание на РМ истото веднаш ќе биде делегитиминирано. Според член 2 од Уставот на РМ, „суверенитетот во РМ произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните", „граѓаните власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници". Создавањето на правна можност, докажани криминалци да станат народни претставници е само продолжување на кривичното дело и целосна дискредитација на највисокото преставничко тело и Законодавниот дом“, велат од НСДП.

XS
SM
MD
LG