Достапни линкови

Меркел нема да ја посети Турција за отворање на бегалски камп


Германската канцеларка Ангела Меркел нема да замине за Турција в сабота, на 16 април, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт, без да даде објаснување. Претходно турскиот премиер Ахмет Давутоглу истакна дека на 16 април „европска делегација предводена од Ангела Меркел“ ќе отвори во градот Килис бегалски камп. Германските власти ниту ја потврдија, ниту ја демантираа информацијата за посетата на германската канцеларка во турскиот град, кој е често напаѓан преку границата со Сирија.

XS
SM
MD
LG