Достапни линкови

logo-print

Вајгл, Ховит, Кукан: Договорот од Пржино мора целосно да се почитува


Пратениците од Европскиот Парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Kукан, кои се медиатори за Договорот од Пржино од 15 јули, изразија длабока загриженост за случувањата во Скопје и ги повикаа главните политички партии да работат заедно за интересот на граѓаните на земјата и да се вратат на нивната посветеност на сите одредби од пржинскиот Договор, како единствен начин за надминување на кризата.

„Ние сме длабоко загрижени од последниот развој на настаните во Скопје и не можеме доволно да ја искажеме важноста дека главните политички партии треба да останат посветени на Договорот од Пржино. Договорот мора целосно да се почитува, вклучително и обврските поврзани со заштита и засилување на владеењето на правото во земјата и да се обезбеди дека ќе се одржат кредибилни предвремени парламентарни избори“, се наведува на почетокот на соопштението испратено од Вајгл, Ховит и Кукан.

Ние сме исто така загрижени дека овој најнов развој на настаните претставува дополнителен голем ризик за стабилноста на земјата и на нејзината посакувана евро-атлантска интеграција и европска перспектива, додаваат тројцата европратеници.

XS
SM
MD
LG