Достапни линкови

logo-print

Ахмети: Иванов да ја повлече одлуката за аболиција и помилување


Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со шефот на мисијата на ОДИХР во Македонија за предвремените парламентарни избори, амбасадорот Јан Петерсен рекол дека без никакво одложување треба да се повлече одлуката на преседателот Ѓорге Иванов за аболиција и помилување и оти таа го нарушува Договорот од Пржино.

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) не се согласува со избрзаната одлука на таканаречениот претседател Ѓорге Иванов и бара итно повлекување на одлуката. Оваа оспорена и неправедна одлука го нарушува Договорот од Скопје и досегашните постигнувања и треба да се повлече без никакво одлагање, рекол Ахмети, како што се наведува во партиското соопштение.

Ахмети и Петерсен, на средбата во седиштето на ДУИ во Тетово, размениле мислења околу подготовките за вонредните избори, како и за политичката криза во Македонија.

Како што се наведува во соопштението, Ахмети смета дека сериозната политичка криза во земјата се решава само преку оддржување вонредни избори и преку спроведување на Договорот од Скопје бидејќи граѓаните не можат да ја издржат оваа општествена агонија од што трпи економијата, социјалната помош, но и безбедноста и стабилноста на земјата.

XS
SM
MD
LG