Достапни линкови

Осудениот за „Пуч“ Звонко Костовски ослободен од затвор


Звонко Костовски осуден за шпионажа и неовластено прислушкување во случајот „Пуч“, е помилуван откако одлука за негово потполно слободување од натамошно издржување на тригодишната казна затвор била доставена до Основниот суд Скопје 1 - Скопје. Помилувањето на Костовски, кој е поранешен вработен во УБК, следи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за укинување на сите постапки против политичарите од власта и од опозицијата.

XS
SM
MD
LG