Достапни линкови

Осум украински војници повредени на истокот на земјата


Украинската армија соопшти дека осум војници се повредени во последните 24 часа, во борбите со про-руските сепаратисти на истокот на земјата. Армискиот портпарол Андриј Лисенко изјави дека војниците се повредени во борбите во регионот Доњецк, кога биле регистрирани 53 „непријателски напади“ во претходниот ден. Тој додаде дека 29 гранатирања се случиле околу Мариупол – стратегискиот град на брегот на Азовското Море. Нема информации за повредени во тие инциденти. Извештаите доаѓаат по растечката загриженост за прекршувања на договорот за прекин на огнот во источна Украина, каде во борбите меѓу украинската армија и про-руските сепаратисти од април 2014 година загинаа 9.100 луѓе.

XS
SM
MD
LG