Достапни линкови

Турција го наруши воздушниот простор на Грција


Турски воени авиони и бродови извршиле нови нарушувања на грчкиот воздушен простор и територијални води, а тоа се случило пет пати за помалку од 20 часа, пишува „Катимерини“ под наслов „Анкара ја поттикнува напнатоста во регионот“. Весникот наведува дека втор ден турски ловци Ф - 16 навлегле во грчкиот воздушен простор во реонот меѓу островите Лезбос, Хиос и Инусес. Малку подоцна турски авиони го нарушиле воздушниот простор над островот Кастелоризо и зоната за летови над Атина. Грчките власти регистрирале и нарушувања на територијалните води на земјата во реонот на островот Инусес, каде што околу час и половина брод на турската крајбрежна стража останал во грчки територијални води без одобрение, по што се повлекол.

XS
SM
MD
LG