Достапни линкови

Мал инцидент на грчко - македонската граница


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Македонската полиција употребила солзавец за да растера група мигранти кои протестирале на грчката страна на границата, јавуваат Ројтерс и АФП. Според извештаите, мал инцидент избил денеска кога околу 50 мигранти во знак на протест се приближиле до жичаната ограда.

Инцидентот доаѓа кога македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговите колеги, Колинда Грабар китаровиќ од Хрватска и Борут Пахор од Словенија, го посетија прифатниот центар за бегалци во Гевгелија, кој се наоѓа на стотина метри од границата.

Поголем инциднт се случи на 10 април кога група мигранти се обидоа да ја поминат границата, а македонската полиција употреби солзавец.

Македонија ја обвини грчката полиција дека не интервенирала да го спречи обидот на 3000 луѓе нелегално да ја поминат границата, а Атина обвини дека македонската полиција употребила прекумерна сила.

XS
SM
MD
LG