Достапни линкови

Бејли: Оставете ги СЈО и судовите да ја вршат својата работа


Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија Џес Бејли претпладнево на својот профил на социјалната мрежа Твитер наведе дека „аболиција без потребниот судски процес ги штити корумпираните политичари и нивните соработници. Оставете ги СЈО и судовите да ја вршат својата работа“, наведе Бејли. Ова е втора реакција од амбасадата на САД по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине сите кривични постапки против политичари што се поврзани со политичката криза и аферата прислушување. Вчера тие наведоа дека барат повеќе детали и појаснување, но дека сепак, изјавата на претседателот покренува сериозна загриженост околу заложбата на Македонија за владеење на правото.


XS
SM
MD
LG