Достапни линкови

ДС бара вонредна седница на Собранието


Демократскиот сојуз бара одржување вонредна седница на Собранието и го повикува претседателот Ѓорге Иванов да ја поништи вчерашната одлука. Во соопштението Демократскиот сојуз ги повикува пратениците да почнат постапка за одржување вонредна седница на Собранието. Од ДС наведуваат дека согласно Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието, одржување на вонредна седница можат да побараат 20 пратеници, по што претседателот на Собранието мора да свика седница. На седницата Собранието треба да донесе одлука за престанување на важноста на одлуката за самораспуштање на Собранието, како и да почне постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, се вели во соопштението од ДС.

XS
SM
MD
LG