Достапни линкови

logo-print

Протести и осуда за одлуката на Иванов за аболиција


Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги запре сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата предизвика протестите на повеќе локации во Скопје. Граѓани протестираа пред Народната канцеларија на претседателот Иванов, како и пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ. До протест дојде и пред седиштето на СДСМ. Одлуката на претседателот Иванов предизвика и критики не само од опозициските партии предводени од СДСМ, туку и од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како и од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и странските мисии во Скопје. Според нив, постапката на македонскиот претседател ги загрозува изгледите на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Хан изрази сомневање дека во такви околности претстојните парламентарни избори би можеле да бидат и кредибилни.

XS
SM
MD
LG