Достапни линкови

Граѓани пред СЈО протестираат против одлуката на Иванов


Мала група граѓани вечерва се собраа на протест пред Специјалното јавно обвинителство против денешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине кривичните постапки против политичарите што се поврзани со политичката криза и аферата прислушување. Тие во моментов ја бликираат улицата и се подготвуваат да се упатат пред претседателската вила Водно.

Грѓанското движење „Протестирам“ најави протести за вечерва во 18 часот пред зградата на Специјалното јавно обвинителство по одлуката на Иванов. Граѓанското движење во најавата на социјалните мрежи наведе дека Иванов ставил крај на Пржинскиот договор и крај на надежта за правда и решавање на политичката криза.

„Кога правдата е загушена, улиците не смеат да бидат мирни! Се гледаме денес во 18:00 пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство да покажеме поддршка, а од таму ќе се упатиме кон канцеларијата на Претседателот гласно да кажеме "доста!" на партиските, неправедните и недемократски одлуки!“ велат од „Протестирам.“

XS
SM
MD
LG