Достапни линкови

logo-print

ВМРО - ДПМНЕ изрази несогласување со постапката на Иванов


Владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ излезе со соопштение во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине кривичните постапки против политичарите што се поврзани со политичката криза и аферата прислушување.

„Тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат. Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се случува во државата е јасен, не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година и пол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот“, информираат од ВМРО - ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека ВМРО ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес - конференцијата на Претседателот Ѓорге Иванов.

„ВМРО ДПМНЕ не се сомнева дека Претседателот Иванов секогаш имал чесни и добри намери и постапки, водејќи се од националните и државни интереси и идејата за национално помирување и единство, кое сметаме дека е секогаш потребно. Сепак во конкретниов случај би сакале да изразиме силно несогласување со оваа негова постапка. Сметаме дека со овој потег, се оневозможува нашата воља и напор да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации, кои ни беа наметнувани и беа насочени кон нас како дел на едно однапред смислено сценарио.“

XS
SM
MD
LG