Достапни линкови

СДСМ: Нема услови за прочистен список и фер избори на 5 јуни


СДСМ соопшти дека останува на ставот дека до 5 јуни не може да има прочистен избирачки список и не може да има регуларни избори. Потпретседателот на партијата Дамјан Манчевски посочи дека на четири дена пред рокот за завршување на прочистувањето на списокот, ДИК се уште на јавноста не и соопштила како мисли да ја заврши оваа операција.

„Од вкупно над 330.000 сомнителни гласачи, едногласно усвоени од страна на сите членови на ДИК, предмет на теренска проверка беа само 83.680 граѓани. Во 40.113 случаи, анкетарот воопшто не успеал да се сретне со испитаникот. Во 1.043 случаи, само од оние кои беа предмет на теренска проверка, никој не живее на наведената адреса. За мнозинството во ДИК ова не е доволна причина гласачот да се избрише од списокот туку бара МВР дополнително да излезе на терен и да направи службена белешка“, рече Манчевски.

Главен проблем, според Манчевски е тоа што согласно мнозинството, ДИК нема алатки за бришење на гласачи. Целта на мнозинството во ДИК, рече, е целосно да се закочи и оневозможи процесот на чистење на изборачкиот список и на избори да се оди со стариот избирачки список.

XS
SM
MD
LG