Достапни линкови

Авганистанските Талибанци најавија „Пролетна офанзива“


Авганистанските Талибанци го објавија почетокот на нивните борби во топлата сезона, во годишната изјава по повод почетокот на насилства во летниот период. Во денешното соопштение за медимуите милитантите велат дека т.н. „пролетна офанзива“ почнува во пет часот попладне според локално време. Тие посочуваат дека кампањата е наречена „Операција Омари“ во чест на основачот на Талибанците, Мула Мохамед Омар кој почина пред три години. Во соопштението се вели дека водењето џихад против освојувачите од САД е света обврска. Војната влегува во петнаесетата година. Неколку часа пред да биде објавено соопштението, амбасадата на САД во Кабул ги предупреди граѓаните на САД, велејќи дека добиле информации дека бунтовниците планирале напади на голем хотел во Кабул. Новиот талибански лидер Мула Актар Мансур предизвика ескалација на војната, проширувајќи ја на секој агол во земјата, дури и на неколку дена ја презема контролата на големиот северен град Кундуз.

XS
SM
MD
LG