Достапни линкови

ЕУ ќе финансира прием на еден милион мигранти во Турција


ЕУ ќе го финансира сместувањето на еден милион мигранти во Турција, изјави денеска еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос. Еврокомесарот говореше на пленарна сесија на ЕП во Стразбур. „ЕУ почна да финансира проект за прием во Турција на еден милион бегалци“, изјави Аврамопулос додавајќи дека земјата веќе прифатила „300 мигранти преместени од ЕУ“.

Еврокомесарот призна дека реализирањето на точките од договорот меѓу ЕУ и Турција е „сериозен предизвик“. „Од европска страна се вложуваат големи напори во финансиската и логистичката област, за да се создадат услови за исполнување на договорот“, рече тој.

„Со Турција исто така се водат разговори за доставување од нејзина страна на гаранции за осигурување на безбедноста на мигрантите во таа земја - Сиријци и други, кои побарале право на азил“, додаде Аврамопулос. Според него ЕУ треба од основа да го преразгледа системот за давање азил, што според него „во моментот е исклучително несовршен“.Тој исто така се застапува за „создавање на коридори за легален пристап на мигрантите во Европа“.

XS
SM
MD
LG