Достапни линкови

logo-print

Македонија има право да ја контролира својата граница


Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт ги отфрли наводите на дел од медиумите кои бараа Берлин да ја критикува Македонија за акцијата во која македонските гранични служби ги спречија бегалците од дивиот камп на Идомени да влезат на македонска територија. На прашањето дали Германија ќе ја осуди употребата на гумени куршуми и солзавец против бегалците, Зајберт изјави дека обидите на бегалците да ја минат границата е решение кое што не дава надеж, а контролата на меѓународните граници во секоја земја мора да биде во рамки на меѓународните стандарди. Според портпаролот на германската влада, Берлин е загрижен за тешките услови за сместување на бегалците на границата меѓу Македонија и Грција како и за тензиите на граничната линија.

XS
SM
MD
LG