Достапни линкови

Русија ги идентификуваше напаѓачите на полициската станица


Руската полиција соопшти дека ги идентификувала тројцата бомбаши самоубијци кои денеска загинаа, откако се обидоа да извршат напад на полициска станица во јужна Русија. ТАСС го цитираше Истражниот комитет на Русија, велејќи дека тројцата напаѓачи биле жители на село во областа Новоселитск во регионот Ставропол. Напаѓачите се идентификувани како Заур Акајев (33), Рамазан Хаибулајев (25) и Исаи Абдулатипов (20). Во првите извештаи се велеше дека еден од напаѓачите извршил самоубиствен напад, но истражителите подоцна информираа дека за време на нападот сите тројца напаѓачи ги активирале самоубиствените елеци.

XS
SM
MD
LG