Достапни линкови

12 загинати во бомбашки напад на Талибанците во Џалалабад


Најмалку 12 регрути на авганистанската армија се убиени и десетици се повредени во самоубиствен бомбашки напад на Талибанците. Цел на нападот бил автобус со регрути во близина на истониот град Џалалабад. Портпаролот на Министерството за одбрана Давлат Вазари го потврди бројот на загинати во денешниот напад, додавајќи дека бомбашот возел моторизиран велосипед на три тркала полн со експлозив. Тој истакна дека 26 луѓе се повредени, но медицинските работници во регионалната болница во провинцијата Нангахар изјавија дека 38 луѓе биле третирани од повреди од нападот.Талибанскиот портпарол Забула Муџахид подоцна соопшти дека талибанските милитанти го извршиле нападот.

XS
SM
MD
LG