Достапни линкови

Китаровиќ и Пахор утре во посета на Македонија


Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, заедно со претседателот на Словенија, Борут Пахор во вторник и во среда (12 и 13 април) ќе ја посетат Македонија. Во текот на утрешниот ден тие ќе одржат трилатерална средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Средбата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот, а по состанокот тие ќе се сретнат и со председателите на политичките партии во Македонија. Во вториот работен ден тројцата претседатели ќе го посетат транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде ќе се сретнат со полициските службеници на Хрватска и на Словенија.

XS
SM
MD
LG