Достапни линкови

Средба на Назарбаев и Рохани во Техеран


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев и неговиот ирански колега Хасан Рохани, во Техеран дискутираа за градење на посилни трговски и бизнис односи меѓу двете земји. Назарбаев денеска пристигна во главниот ирански град, на почетокот на неговата турнеја која треба да ја заврши со посета на Турција и на Узбекистан. На маргините на разговорите на двајцата лидери, компании од Иран и од Казахстан потпишаа голем број на договори во вредност од околу една милијарда долари. Трговската размена во 2015 година меѓу Иран и Казахстан изнесуваше 635 милиони долари. Од канцеларијата на Назарбаев информираат дека тој ќе ја посети Турција на 13 и 14 април, каде ќе разговара со претседателот Реџеп Таип Ердоган, а на 15 април ќе патува во Узбекистан каде ќе се сретне со неговиот колега Ислам Каримов.

XS
SM
MD
LG