Достапни линкови

logo-print

Шест жртви во земјотресот во Пакистан


Властите во Пакистан велат дека шест луѓе се загинати во силниот земјотрес во северен Пакистан, кога за време на викенсов беа потресени повеќе градови во Јужна Азија. Пакистанскиот национален орган за управување со катастрофи денеска соопшти дека пет луѓе загинале во Кибер Паштунхва, а едно лице загинало во северната држава Гилгит – Балтистан. Најмалку седум луѓе се повредени, најмногу северозападниот град Пешавар. Земјотресот на 10 април со јачина од 6.6 степени според Рихтеровата скала го почувствуваа и жителите на авганистанскиот главен град Кабул и во индискиот главен град Њу Делхи. Се уште нема извештаи за штети во индија и во Авганистан.

XS
SM
MD
LG