Достапни линкови

logo-print

Самоубиствен напад на полициска станица во Русија


Илустрација.

Илустрација.

Тројца милитанти, вклучително еден бомбаш самоубиец, нападнаа полициска станица во јужниот дел на Русија. Руските медиуми цитирајќи ја локалната полиција информираат дека во денешниот напад во областа Ставропол, не се повредени полицијаци ниту цивили. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Ставропол за Ројтерс изјави дека еден од напаѓачите се разнесол, а другите двајца биле убиени од безбедносните сили. Идентитетот на милитантите се уште не е познат. Ставропол е блиску до Северен Кавказ каде со години расте бројот на исламските бунтовници.

XS
SM
MD
LG