Достапни линкови

Русија му испорачува на Иран С-300 ракетнен систем


Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека Русија им го испорачала првиот дел од пратката на воздушните одбранбени ракетни системи С-300. Соопштението денеска го објави портпаролот на иранското МНР, но сепак Кремљ одбива да ги коментира извештаите, информираат руските медиуми. Русија соопштува дека во 2010 година ги откажала договорите за испорака на С-300 во Иран, поради притисок од Западот. Но, претседателот Владимир Путин вели дека е укината таа забрана во април 2015 година според нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили. Израел силно се противи Иран да биде снабден со системот.

XS
SM
MD
LG