Достапни линкови

МНР: Инцидентот кај Идомени поттикнат од НВО активисти


Организираните масовни и координирани обиди за илегален премин на границата, што се случија вчера, според многу аспекти, вклучувајќи ја и вмешаноста на активисти на невладини организации, имаат карактеристики и наликуваат на сличниот инцидент за масовно илегално преминување на границата од 14 март годинава, во кој беа инволвирани 2.500 мигранти, соопштени Министерството за надворешни работи во врска со вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница кај Идомени во кој беа повредени 23 припадници на македонските безбедносни сили кои спречија над 3.000 мигратни насилно да влезат од Грција на македонска територија.

„Различни извештаи говорат дека во обидот да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство мигрантите биле поттикнати, заведени и организирани од активисти на невладини организации. Било регистрирано и дистрибуирање на летоци кои содржеле лажни информации дека штом мигрантите успеат да ја поминат грчко - македонската граница со употреба на насилство тие ќе можат непречено да го продолжат својот пат до земјите членки на ЕУ, се посочува во соопштенеито.

Според МНР, македонските безбедносни сили, заедно со полициски службеници од неколку земји членки на ЕУ кои се распоредени на јужната граница, согласно Програмата за соработка на ЕУ и Македонија за поддршка на менаџирањето на границата заради справување со мигрантската криза, одговорија брзо и согласно ситуацијата и спречија нелегален влез. Притоа, наведуваат дека не е повреден ниту еден од мигрантите кои учествуваа во насилните протести.

XS
SM
MD
LG