Достапни линкови

logo-print

Најмногу коментари за перење пари и избори


Панамските документи и перењето пари предизвикало полемика меѓу нашите читатели, па луѓето се расправаат кој изнел, а кој внел пари во државата. Читателите коментираат и за изборите и за бојкотот на опозицијата.

Дали некои од бомбастично најавуваните странски инвестиции во земјава се всушност пари од македонските даночни обврзници излеани во оф-шор компании по даночните раеви, како што ги нарекуваат неколку карипски острови? Нашата саботна анализа на оваа и на темата „Панамски документи‟ развила цела полемика меѓу фановите на Фејсбук страницата на РСЕ.

„Значи, ВЛЕГЛЕ пари во Македонија! Супер. Во времето на Црвенковски ИЗЛЕГУВАА пари од Македонија, сега влегуваат, има разлика‟, постирал Александар Наковски. Борче Василевски му реплицира: „Кога ринташ за 200 евра и си го уништуваш здравјето – има разлика‟, а Бранко Галев извикува: „Чии пари се тие што влегле, бее ееееј!‟ Има уште дваесетина постови на оваа тема, а Екрем Муареми како на сите да им одговара: „Според вашите реакции излегува дека едните се ѓубре, а другите нивни пријатели! Кој стигнал крадел! Луѓе, освестете се, без разлика од која опција доаѓаат ги наполнија џебовите и направија да имаат до петто колено, а ние не можеме да излеземе до крајот на месецот со платите!‟

По нашиот текст дека во рок од еден час и Заев и Груевски ги повикаа граѓаните и народот да им се придружат, Вецан Стојковски исто така на нашата Фејсбук страница напишал: „Народот има право сам да одлучи. Дали ќе гласа за демократија или за диктатура‟, а Фатон Зимбери им пожелува среќа на граѓаните и додава: „Нека ни е Бог на помош, лошо ни се пишува‟. Ванчо Дојранлиев објаснува: „Едниот го вика народот, другиот мафијашите‟.

На темата избори без опозиција или со неа, фанови на РСЕ биле доста активни. Ѓорѓи Конзулов смета дека на Груевски најмногу му одговара сам да оди на избори, зашто ако го испочитуваше Пржинскиот договор, постирал, „ќе добиеше КАТАСТРОФАЛЕН ПОРАЗ‟, а Љубомир Ацков допишал: „Нема пазарење. Грујо во Идризово, попис, па избори‟.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG