Достапни линкови

Прекин на огнот во Јемен


Шиитските Хути бунтовници и владините сили поддржани од Саудиска Арабија соопштија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот во Јемен постигнат со посредство на Обединетите нации а кој стапи во сила на полноќ. Над 6 илјади луѓе загинаа во повеќе од едногодишните борби меѓу двете страни. Во текот на овој месец во Кувајт би требало да почнат преговори за крај на конфликтот во Јемен. Хутите во 2014 година презедоа поголем дел на Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.

XS
SM
MD
LG