Достапни линкови

Круз победи во Колорадо, Сандерс во Вајоминг


Американскиот сенарот Берни Сандерс вчера победи во државата Вајоминг во рамки на внатрепартиската трка за престедателски кандидат на Демократската партија за следните избори во САД.Севкупно неговата противкандидатка Хилари Клинтон се уште убедливо води во целокупната трка со досега обезбедена поддршка одвкупно 1756 делегати на партијата. Сандерс пак досега ја доби поддршката од вкупно 1037 делегати. Кај Републиканците последната рунда од внатрепартиските избори ја доби кандидатот Тед Круз кој ја доби поддршката во американската држава Колорадо. Сепак , Круз со обезбедената досегашна поддршка од вкупно 545 делегати се уште заостанува зад неговиот противник милионерот Доналд Трамп за кого поддршка досега ветија вкупно 743 делегати.

XS
SM
MD
LG