Достапни линкови

logo-print

Украинскиот премиер си поднесе оставка


Украинскиот премиер Арсениј Јацењук поднесува оставка на функцијата, соопшти денеска во телевизиско обраќање. Тој објасни дека ја донел одлуката да поднесе оставка од премиерската позиција поради неколку причини меѓудругото наведувајќи ги политичката криза во владата која била создадена вештачки и желбата за промена која ги заслепила политичарите и ја парализирала нивната волја да направат вистински промени во земјата. Тој додаде дека оставката ќе ја поднесе во вторник, 12 април во парламентот. Веднаш потоа се очекува формирање на нова влада.

XS
SM
MD
LG