Достапни линкови

ЕУ ги критикуваше насилствата во Украина


Европската унија го критикуваше “нивото на насилство без преседан” во источна Украина откако меѓународни набљудувачи се најдоа среде пукотници. Во соопштението на евопскиот шеф на дипломатијата Федерика Могерини се наведува дека значителното зголемување на прекршувањата на прекинот на огнот во регионот Донетск преставува ниво на насилство без преседан. ОБСЕ претходно соопшти дека доцна вчера тим на нивни набљудувачи во источна Украина се нашол во пукотници 50 километри јужно од Донетск. Нема повредени во инцидентот. Кон набљудувачи на ОБСЕ исто така беше пукано на 7 април, истиот ден кога друга набљудувачка група се соочи со закани од бунтовниците и беше принудена да го напушти пунктот кој требаше да го помине. ОБСЕ соопшти дека забележале значително зголемен број на прекршувања на прекиниот на огнот во регионот на Донетск.Повеќе од 9,100 луѓе се убиени во борбите во источниот украински регион Донбас а околу 21 000 се повредени од почетокот на конфликтот во 2014 година.

XS
SM
MD
LG