Достапни линкови

Русија и Сирија се подготвуваат за ослободување на Алепо


Руските воздушни сили и сириската армија се подготвуваат за ослободување на Алепо изјави денеска сирискиот премиер Ваел ал-Халаки по посетата на руски парламентарци на Сирија. Како што јавува агенцијата ТАСС тој рекол дека заедно со руските партнери се подготвуваат за операција за блокирање на нелегалните вооружени групи кои не се придржуваат или го кршат договорот за прекин на огнот. Во судирите во близина на Алепо загинаа најмалку 16 прорежимски борци и 19 членови на Ал-Каеда и други групи поврзани со нив во последните 24 часа, соопштија набљудувачите. Сириската опсерваторија за човекови права наведе дека борбите продолжуваат на неколку фронта во провинцијата. Милитантите од Исламска држава и од Ал-Нусра фронт кои се поврзуваат со Ал-Каеда се исклучени од договорот постигнат со посредство на САД и Русија.

XS
SM
MD
LG