Достапни линкови

Тензично на македонско-грчката граница


Мигрантите се судрија со македонската полиција откако се обидоа да се прекачат преку оградата која што е поставена на македонско грчката граница, јавува Ројтерс. Македонската полиција утринава употреби солзавец за да спречи негален влез на македонска територија потврдија од МВР за РСЕ. По тоа како што се јавува мигрантите почнаа да фрлаат со камења кон полицијата. Како што јавува Ројтерс грчката полиција не се вмешува во судирите. До инцидентот дошло откако група од повеќе од 500 луѓе поверувала на гласините дека границата е отворена. Агенцијата јавува дека откако тоа било негирано од македонските полицајци повеќе од сто мигранти, меѓу кои и деца, се обиделе да се прекачат преку оградата. Во областа Идомени има повеќе од 11 000 луѓе откако балканските земји ги затворија границите во средината не февруари.

XS
SM
MD
LG