Достапни линкови

Македонската полиција употреби солзавец на македонско-грчката граница


Утринава имало обид за нелегално влегување на мигранти кои се наоѓаат од грчката страна во Македонија при што македонската полиција употребила солзавец за да го спречи обидот, потврдуваат за РСЕ од МВР додавајќи дека на границата се уште е тензично. Претходно агенцијата Ројтерс повикувајќи се на изјава на очевидец јави дека македонската полиција денеска употребила солзавец за да ги натера стотиците мигранти да се повлечат од граничната ограда. Солзавецот бил насочен кон групата од повеќе од 500 луѓе кои се наоѓаат во кампот Идомени. Извор од грчката полиција за Ројтерс рекол дека во областа имало тензии.

XS
SM
MD
LG