Достапни линкови

Откриени обиди за негален превоз на дваесетина мигранти


Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи, како што информираа од таму, откриле два различни обиди за нелегално превезување на мигранти. Во првиот случај на клучката кај Демир Капија полицијата забележала два автомобила. Во првиот со бугарски национални ознаки управуван од прилепчанец се превезувале четворица илегални мигранти од Ирак.Во вториот автомобил со кумановски регистарски таблички, истата патрола пронашла пет илегални мигранти од Ирак.Во друг случај, како што информира МВР, на автопатот Гевгелија- Демир Капија во патничко моторно возило со скопски регистарски таблички биле пронајдени 12 илегални мигранти од Пакистан.

XS
SM
MD
LG