Достапни линкови

logo-print

Исламски милитанти убија 18 филипински војници


Осумнаесет филипински војници и пет милитанти загинаа во најголемите насилства годинава во јужен Филипини кои следуваа по воената офанзива против екстремистичката група Абу Сајаф. Војската денеска соопшти дека инцидентот се случил вчера во градот Типо-Типо, во провинцијата Басилиан која се наоѓа 900 километри јужно од Манила. Судирите се случија откако помина рокот осми април кој го постави екстремистичката група која се заканува дека ќе ги обезглави странските државјани кои ги држи во заложништво. Засега нема информации за нивната судбина.
Војниците оделе на задача да ги нападнат Абу Сајаф кога наишле на заседа. Војската започна офанзива против екстремистичката група која е осомничена за некои од најсмртоносните напади на Филипини, како и за киднапирање на странци.

XS
SM
MD
LG