Достапни линкови

Пожар во храм во Индија, загинаа повеќе од 100 луѓе


Индиските власти денеска соопштија дека најмалку 102 лица загинале во пожар кој избил во храм во јужната индиска држава Керала. Според властите повредени се уште 280 луѓе кои останале заробени од оганот во градот Паравур во кој се одржувал фестивал.Пожарот го предизвикале огномети во комплексот на храмот поради што зградата паднала. Утрово пожарникарите го ставиле огнот под контрола, а спасувачките екипи трагаат по преживеани под урнатините. Огнометите често се користат во прославите во храмовите во Индија и на други јавни настани и несреќите не се ретки.

XS
SM
MD
LG