Достапни линкови

Белгија обвини осомничен за нападите во Париз


Белгиското обвинителство го обвини осомничениот за нападите во Париз Мохамед Абрини за терористички напади и учество во активности на терористичка група. Канцеларијата на обвинителството во Брисел вчера соопшти дека мажот бил фотографиран на бриселскиот аеродром со тројца други бомбаши кратко време пред нападите во белгискиот главен град на 22 март. Абрини кој беше уапсен во Белгија нa 8 април беше последниот познат бегалец осомничен за нападите во Париз минатата година во кои загинаа 130 луѓе. Белгиското обвинителство вчера поднесе обвинение за уште еден осомничен идентификуван како Осама К.за терористички убиства. Тие наведоа дека бил присутен во белгиското метро за време на нападот и потврдил дека е од Шведска. Осама К. беше идентификуван во шведските медиуми како Осама Крајем за кој се знаело дека претходно заминал од шведскиот град Малме да се бори во Сирија. Соопштението на белгиското обвинителство следува откако тамошните власти вчера приведоа шест лица поврзани со нападите во Брисел во кој загинаа 32 лица.

XS
SM
MD
LG