Достапни линкови

Експлозии во Кабул по посетата на Кери


Најмалку две експлозии се слушнале во дипломатската област во Кабул кратко време откако американскиот државен секретар Џон Кери го напуштил главниот авганистански град во кој престојуваше во ненајавена посета. Засега нема информации за евентуални последици. Истовреме со екслозиите, како што се јавува, се слушнале и истрели од огнено оружје. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот но и претходно цел на нападите на талибанските бунтовници беа домашните и странски претставници. На заедничката прес конференција со претстедателот Ашраф Гани, Кери претходно побара од талибанците да ги обноват директните мировни преговори со владата. Повикот следуваше откако талибанците одбија да одржат разговори додека предусловите кои тие ги поставија, меѓудругото и повлекување на странските војници, не биле исполнети.

XS
SM
MD
LG