Достапни линкови

Времето денеска облачно и посвежо


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд особено попладне и во југозападните делови. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 21 степен. Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо, попладне со повремен дожд и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 18 степени.

XS
SM
MD
LG