Достапни линкови

СДСМ и партнерите потпишаа платформа за демократска Македонија


СДСМ и коалициските партнери денеска ја потпишаа платформата за демократска Македонија за враќање на слободата и демократијата. Како што рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, платформата се темелела на неколку демократски начела и принципи набројувајќи дека изборите мора да бидат фер, демократски и регуларни, медиумите мора да бидат слободни и објективни, борбата против криминалот и корупцијата да биде бескомпромисна, а институциите да бидат независни. Во името на овие принципи на демократска Македонија, рече Заев, ги повикуваме сите граѓанки и граѓани, сите граѓански организации и политички партии да не учествуваат на нелегитимните избори, кои како што нагласи, авторитарниот режим сакал да ги одржи на 5-ти јуни 2016 година. На платформата се потпишаа лидерите на 14 политички партии.

XS
SM
MD
LG