Достапни линкови

Вашингтон предупреди на закана од терористички напади во Турција


Соединетите држави ги предупредија своите државјани за “реални закани” за екстремистички терористички напади во туристичките места во Турција. Американската амбасада во Анкара денеска ги предупреди американските државјани да бидат особено внимателни во Истанбул и во јужниот крајбежен дел во туристичкиот ресорт Анталија. Турција се соочува со зголемени безбедносни закани. Како дел од коалицијата предводена од САД Анкара се бори против Исламска држава во соседните Сирија и Ирак. Безбедносните сили исто така се борати со курдските милитанти во југоисточниот дел од земјата од кога прекинот на огнот беше нарушен минатиот јули по што дојде и до најсериозните инциденти по 1990 година. Турција беше погодена од четири самоубиствени бомбашки напади само годинава, а последниот се случи минатиот месец во Истанбул.
За два од нив беше осомничена Исламска држава, додека курдските бунтовници ја презедоа одговорноста за другите два.

XS
SM
MD
LG