Достапни линкови

Прекршувања на примирјето во Нагорно-Карабах


Азербејџан и сепаратистите поддржани од Ерменија во Нагорно Карабах се обвинуваат меѓусебно за нарушувања на прекинот на огнот договорен за да се запрат последните насилства. Двете страни размениле оган во текот на ноќта но нема информации за последиците. Завојуваните страни постигнаа примирје на петти април по четири дневните борби кои беа најголемиот инцидент по прекинот на огнот во 1994 година. Денеска Азербејџан соопшти дека сепаратистите го прекршиле примирјето 120 пати во текот на ноќта но и сепаратистите ги обвинија азербејџанските сили дека ги бомбардирале нивните позиции. Ерменското министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан извршил 16 напади во текот на ноќта во пограничните зони.

XS
SM
MD
LG