Достапни линкови

ИД почна со ослободување на заробените работници во Сирија


Исламска држава почна со ослободување на група работници во цементарница од вкупно 300 кои беа држени во заложништво северно од Дамаск од претходнонеделава. Локалните власти постигнаа договор со ИД да се ослободат 170 работници кои беа држени во заложништво од 6 април соопштија од Сириската опсерваторија за човекови права. ИД ги држи во заложништво работниците од цементарницата Ал-Бадиа откако започна напад врз сириските владини сили во областа каде што се наоѓа фабриката во близина на градот Думеир. Сириската државна телевизија јави дека во заложништво се околу 300 работници а според организацијата за човекови права 140 успеале да избегат пред да стигнат припадниците на Исламска држава. Новинските агенции јавуваат дека ИД веќе егзекутирале четворица од нив а немало да ослободат 20 луѓе оти припаѓале на провладините сили.

XS
SM
MD
LG