Достапни линкови

logo-print

Изгласан нов министер за внатрешни работи во Авганистан


Авганистанските пратеници ги одобрија владините номинации за нов министер за внатрешни работи и за јавен обвинител. Парламентот вчера со мнозинство го изгаса Таџ Мохамед Џахид за министер за внатрешни работи и Мохамед Фарид Хамиди за јавен обвинител. Двете нови именувања ќе бидат круцијални за владините приоритети – справување со талибанските бунтовници и борба со широко распространетата корупција. Двајцата беа номинирани во февруари по оставката на дотогашниот министер за внатрешни работи кој се соочи со критики поради влошената безбедносна состојба во земјата. Авганистанската разузнавачка служба и Националниот директорат за безбедност исто така се без постојан директор откако поранешниот си поднесе оставка во декември.

XS
SM
MD
LG