Достапни линкови

Шеесет милиони Пакистанци живеат во сиромаштија


Околу 60 милиони луѓе во Пакистан живеат под границата на сиромаштијата се наведува во новиот владин извештај во кој е применета нова формула за мерење на сиромаштијата. Во него се наведува дека нивото на сиромаштија за три пати се зголемило до 29,5 отсто од девет отсто колку што беа претходните проценки. Според извештајот возрасните во повеќе од 7,6 милиони домаќинства заработуваат помалку од 30 американски долари месечно. Во него е користена нова формула во која се вметнати и трошоците за здравство и образование.

XS
SM
MD
LG